Својата прва конститутивна седница новиот Совет на Битола ќе ја одржи в понеделник, на 15 ноември.
На конститутивната седница ќе се формира новиот Совет, за кој како ќе изгледа во моментот никој не знае.
Според резултатите на локалните избори најмногу советнички места освои советничката листа на ВМРО ДПМНЕ, предводена од координаторот на партијата Пеце Милевски, која освои 13 мандати, потоа СДСМ и Коалицијата со освоени 11 советнички места, независната листа Поинаку со 3 советници, Левица 2 и по еден советник од ЛДП и од ДУИ.
Советот на Битола брои 31 советник.
Засега ни една партија или коалиција нема доволен број советнички места за сама да формира мнозинство во Советот.
М.М.