Здружението на граѓани „Нексус – Граѓански концепт“ ве поканува на панел дискусија „Придобивките за младите од членството на нашата држава во ЕУ и НАТО“.
Панелот ќе понуди информации и дискусија за придобивките за младите од членството во овие две структури. Настанот ќе се одржи на 18.09.2018 (вторник), со почеток во 18.30 часот, во „CosyBar“. Говорници за оваа панел дискусија се: Стево Пендаровски, Национален координатор за НАТО; Абдуљкадар Мемеди, директор на Институт за геостратешки истражувања и надворешна политика; Дона Костуранова, извршен директор на Младински образовен форум (МОФ); Мартин Милошевски, Координатор за меѓународни прашања и политики, Национален младински совет на Македонија (НМСМ); Огнен Јанески, модератор.
На настанот главно ќе се говори за европските вредности и придовките за Р.М од членството во ЕУ од аспект на можности за личен и професионален развој на младите и унапредување на квалитетот на образованието и структурата и организацијата на НАТО алијансата и за придобивките за Р.М од зачленувањето во истата.
По завршувањето на панелот младите – публиката ќе имаат можност да поставуваат прашања до панелистите, но и по завршувањето на истата, ќе можат да се дружат и неформално да разговараат со панелистите, кои ќе останат на местото на настанот и по завршувањето на официјалниот дел. За оваа намена ќе биде организирана мала забава караоке и закуска.
-Млади луѓе, вие одлучувате за вашата иднина, не дозволувајте никој да ви ја одземе иднината- порачуваат од Здружението на граѓани „Нексус – Граѓански концепт“.