Техно

„Епл“ ги претстави најновите модели на лаптопи „мекбук про“, со големина на дисплеј од 14 и 16 инчи, а целосно редизајнирани, кои доаѓаат и со новите чипови М1 про. Новата тастатура, изгледот на екранот, обликот, изрезот на фејстајм-камерата и чипот внатре, системот за ладење, но и опцијата за суперчарч-полнење на батеријата се само некои од новитетите. Најновиот „мекбук про“ исто така работи со новиот чип М1 про, кој е за 70 проценти побрз од претходната верзија на овие чипови на „Епл“. Исто така, беше претставен многу побрз чип М1 макс.
Новиот „мекбук про“ се напојува со 10-јадрен процесор, со 64 ГБ РАМ, а батеријата обезбедува 21 час работење со едно полнење. Тие ја задржаа титулата лаптопи со најдобрите екрани во светот, а новина е познатиот изрез, во кој е сместена остра камера од 1.080 пиксели за фејстајм. Графиката е една од предностите на новиот производ на „Епл“, а за понапредни задачи чипот М1 про доаѓа со 16 јадра, додека чипот М1 макс доаѓа со 32-јадрен графички процесор. Измени беа направени и на тастатурата, така што тач-барот што се наоѓа над нумеричкиот дел од тастатурата е отстранет, а отпечатокот од прст е ставен на копчето за вклучување и исклучување на лаптопот.