Деновиве почна реконструкцијата на седумте железнички премини во Битола, во соработка на Општината Битола и Македонски железници.
Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, која ги брои последните денови од својот четиригодишен мандат, изврши увид во градежните активности на преминот преку железничката пруга кај црквата „Св. Недела” и беше информирана
за активностите кои се преземаат на терен, начинот на изведба и крајниот изглед на премините.
Со реконтрукцијата на железничките шремини во Битола конечно ќе се санираат железничките премини кои беа доста руинирани.
За овие зафати, Општина Битола издвои три милиони денари. М.М.