Социјалдемократите кои собраа најмногу гласови на парламентарните избори во Германија кон крајот на септември, Зелените и либералите, денеска објавија дека постигнале подготвителен договор за формирање влада.
– Успеавме да го усогласиме документот. Тоа е многу добар резултат, јасно покажува дека може да се формира влада во Германија – рече социјалдемократот Олаф Шолц, кој најверојатно ќе биде иден канцелар.
Шолц ова го изјави на прес-конференција со лидерите на Зелените и Партијата на слободата (ФДП).