Фудбалската репрезентација на Франција го освои второто издание на Лигата на нациите, откако со пресврт славеше против Шпанија 2-1, во финалето одиграно вечерва во Милано.
Микел Ојарзабал го отвори резултатот во 64-та минута, за Карим Бензема да изедначи веќе во следниот напад на Французите, додека Килијан Мбапе го постигна одлучувачкиот погодок во 80-та минута.
До крајот на мечот Ојарзабал и Јереми Пино имаа можности за израмнување, но францускиот голман Уго Лорис ги сопре нивните удари.
Претходно денеска, Италија го освои третото место со победата над Белгија од 2-1 во Торино.