Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Авганистан не бил побезбеден додека американската армија била во таа земја.

„За време на дводецениското присуство на американската војска во Авганистан, регионот воопшто не беше побезбеден. Напротив, секој ден беше покрваво “, изјави Ердоган за време на неговиот престој во Њујорк на Генералното собрание на Обединетите нации.

Тој рече дека САД мора да го преиспитаат своето дводецениско присуство, но и заминувањето од Авганистан.

Ердоган вели дека Турција веројатно би можела да ја преземе улогата на обезбедување на аеродромот во Кабул, но под услов САД да обезбедат логистичка и финансиска поддршка, како и трансфер на оружје и муниција на Турција.

„Меѓутоа, во Авганистан се случија различни работи – оружје, муниција и оклопни возила паднаа во рацете на Талибанците и сега Талибанците го контролираат американското оружје“, додаде тој.