Три малолетни деца биле задавени од страна на нивниот татко во стан во Загреб, во населбата Млинови.
Полицијата на местото на злосторството рано утрово откри тела на три деца – близнаци момче и девојче на возраст од седум години и 4-годишно момче. Во спалната соба го нашле телото на четиригодишното дете на креветот, а близнаците во дневната соба. Телата на децата се пренесени во Институтот за судска медицина.
Откако се обидел да си го одземе животот, таткото на децата (56) бил однесен во болница, пишува „Јутарњи лист“. Не е познато кој пријавил дека нешто се случило во куќата, но полицијата и брзата помош брзо пристигнале на местото на настанот.
„Индекс“ пренесува дека пред бруталното злосторство, таткото објавил писмо на социјалните мрежи во кое напишал дека „го оставила девојка бидејќи неговата поранешна сопруга била лоша кон неа и останал без пари“. Таткото бил финансиски консултант. Тој е од Виена и има своја фирма.