Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одржа работна средба со Валтер Камп, регионален директор за Југоисточна Европа на Глобалната иницијатива против транснационален организиран криминал, на која се разговараше за активностите на Министерството за внатрешни работи во борбата против организираниот криминал и корупцијата.
На средбата се разговараше за зајакнување на соработката на Министерството за внатрешни работи со организациите од граѓанскиот сектор, од аспект на постигнување обединетост во напорите и на овие организации и на државните институции со оглед на фактот дека кога се работи за борбата против организираниот криминал и корупцијата, неопходна е заедничка позиција и соработка.
Министерот Спасовски и регионалниот директор за Југоисточна Европа на Глобалната иницијатива против транснационален организиран криминал договорија и воспоставување на конструктивна меѓусебна поддршка и во однос на меѓународните и регионалните организации кон кои има пристапено Министерството за внатрешни работи.