УТРЕ ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ АНАЛИЗА НА ЉУПЧО КОЦАРЕВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАНУ

Во својата најнова анализа, академик Коцарев се осврнува на империјализмот, правејќи паралели и со условите и политиките во Македонија. Според претседателот на МАНУ, македонските лидери, за жал, последните години безрезервно се потпреле на соништа, посебно сонот кон ЕУ, што довело до тоа Македонија да стане марионета на големите империи, коишто ја определуваат нејзината судбина. Историјата нѐ учи дека империите се раѓаат и пропаѓаат и Македонија треба да има принципиелен став спрема големите империи. На Македонија не ѝ е потребна ЕУ по секоја цена, туку реформи што ќе донесат стабилно општество со европски вредности, порачува академик Коцарев