Дваесет и пет уметници од 14 земји изминатите четири дена со помош на своите светлосни дела, инсталации и светлосни перформанси го обоија Скопје и ги забавуваа скопјани како дел од 4-тото издание на меѓународниот фестивал на светло и светлосна уметност, „Скопје Лајт Арт Дистрикт“.
Уметниците на 14 јазици испишаа пораки на надеж, кои потоа беа проектирани на бината Школка, една од локациите на овогодинешното издание на светлосниот фестивал.
Во знак на солидарност поради трагичниот настан со пожарот во ковид-19 болницата во Тетово и прогласената тридневна жалост на територија на цела држава, изминатите денови светлосните инсталации беа активни, но без музика и звук.