Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе биде дел од групата Ц заедно со Лестер, Спартак Москва и со Легија, додека Аријан Адеми и Стефан Ристовски со Динамо Загреб се најдоа во групата Х од Лига Европа заедно со Генк, Вест Хем и со Рапид Виена. Ова е резултат од денешната ждрепка за групната фаза од континенталното натпреварување.

Група А: Лион, Ренџерс, Спарта Прага, Брондби
Група Б: Монако, ПСВ Ајндховен, Сосиедад, Штурм
Група Ц: Наполи, Лестер, Спартак Москва, Легија
Група Д: Олимпијакос, Ајнтрахт Франкфурт, Фенербахче, Антверпен
Група Е: Лацио, Локомотив Москва, Марсеј, Галатасарај
Група Ф: Брага, Црвена звезда, Лудогорец, Митјиланд
Група Г: Баер Леверкузен, Селтик, Бетис, Ференцварош
Група Х: Динамо Загреб, Генк, Вест Хем, Рапид Виена

Првото коло ќе се игра на 16 септември, а шесте рунди од групната фаза ќе завршат до 9 декември. Нокаут-фазата почнува на 17 февруари в година, а финалето е закажано за 18 мај во Севилја.


Рома и Тотенхем ги добија ривалите во Конференциската лига

Рома ќе игра против Зорја, ЦСКА Софија и Бодо глимт во групата Ц, додека Тотенхем ќе се соочи со Рен, Витесе и Мура во групата Г од новоформираната Конференциска Лига. Белградски Партизан е во групата Б со Гент, Флора и со Анортозис.