Македонскиот репрезентативец Бобан Николов, кој од сезонава е фудбалер на Шериф Тираспол, во претстојното издание на Лигата на шампионите го очекуваат дуели со европските великани Реал Мадрид и Интер, како и со Шахтер, кои се најдоа во групата Д заедно со молдавскиот првак. Ова е резултат од ждрепката влечена попладнево во Истанбул, Турција.
Дербито на групната фаза ќе биде помеѓу Манчестер сити и Пари Сен Жермен во групата А, додека најнеизвесна се очекува да биде групата Б во која се Атлетико Мадрид, Ливерпул, Порто и Милан. Европскиот првак Челси ќе се соочи со Јувентус, Зенит и со Малме во групата Х.
Група А: Манчестер сити, ПСЖ, Лајпциг, Бриж
Група Б: Атлетико Мадрид, Ливерпул, Порто, Милан
Група Ц: Спортинг Лисабон, Борусија Дортмунд, Ајакс, Бешикташ
Група Д: Интер, Реал Мадрид, Шахтер, Шериф
Група Е: Баерн, Барселона, Бенфика, Динамо Киев
Група Ф: Вилјареал, Манчестер јунајтед, Аталанта, Јанг бојс
Група Г: Лил, Севилја, Салцбург, Волфсбург,
Група Х: Челси, Јувентус, Зенит, Малме