ГЕВГЕЛИЈА

Во Општина Гевгелија расте бројот на новозаболени лица од ковид-19. Заклучно со 21 август, според евидентираната бројка на Институтот за јавно здравје, во Гевгелија има 43 лица, активни случаи на ковид-19. Од нив 30 лица од Гевгелија се евидентирани во рок од една недела. На ниво на подрачјата на општините Гевгелија, Богданци и Дојран, кои ги покриваат Општата болница со проширена дејност – Гевгелија и Центарот за јавно здравје, заклучно со 21 август, има 63 активни случаи, од кои два во Дојран, 18 во Богданци и 43 во Гевгелија.

Директорот Митко Крџев истакна дека засега во модуларната болница во Гевгелија пациентите позитивни на коронавирусот, од делта-сојот, се лекуваат со дневна терапија.