Попладнево околу 14.30 часот во Гостивар полицијата уапсила 41-годишник од Скопје со иницијали С.З.
При претрес на станот во кој времено престојувал, му биле пронајдени и одземени околу два и пол килограми марихуана.
Против 41-годишниот скопјанец во текот на утрешниот ден ќе биде изготвена пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, со која ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар.