После повеќе децении ќе почне реконструкцијата на патот што води до Националниот парк Пелистер.
Патот Трново – Магарево, кој води за Национаниот парк Пелистер се реконструира со пари од буџетот на општина Битола.
Проектот чини над 12,5 милиони денари и со неговата реализација значително ќе се подобри, пред се, безбедноста на оваа делница, како и квалитетот на сообраќајот во овој дел од потпелистерието.
Реконструкцијата на патот Трново – Магарево се надоврзува на изградбата на колекторскиот систем кој ги опфаќа отпадните води на територијата на Националниот парк Пелистер.
Во изградбата на овој систем општина Битола учествуваше со над 15.000.000 денари, а останатите средства ги обезбедија Министерството за животна средина и Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП.
Во овој потег од Потпелистерието, локалната самоуправа на Битола има инвестирано 557.000 евра. Со оваа инвестиција не само што ќе се создадат подобри услови за безбедно возење на патот за Пелистер, туку ќе бидат решени децениски проблеми со загадувањето на водите, велат од локалната самоуправа на Битола.
М.М.