Фондацијата за македонски јазик „Небрегово“ ја издаде четвртата книга од својата едиција „Македонски збор“, која ќе биде промовирана во петок во пресрет на националниот празник 8 Септември.
Идејата беше во книгата „Како го читам Конески“ да имаат можност и помладите истражувачи да изнесат свои видувања за творештвото на Конески.
Како што информираат од Фондацијата, на конкурсот што беше објавен во соработка со Министерството за култура се пријавиле автори од повеќе научни и стручни институции, како и други почитувачи на ликот и делото на великанот Блаже Конески кои дадоа свои согледувања на неговото дело.
Од Фондацијата веруваат дека ваквите читања на неговото творештво ќе придонесат да се надополнат вреднувањата на делото на Блаже Конески како творец и национален мислител.