Полицијата приведе 20-годишен жител на скопското село Арачиново под сомнение дека вршел разбојништва во центарот на Скопје, поточно во близина на Судска палата.
Според информациите на МВР, вчера во 15 часот на бул. Гоце Делчев, полициски службеници го привеле Х.З.(20) од село Арачиново. Тој се сомничи дека во периодот од 22.06. до 10.08. на кеј „Димитар Влахов“, на потегот од црквата Св.Богородица до МРТВ, извршил девет кривични дела разбојништво.
Тој бил приведен во полициска станица и во присуство на јавен обвинител било извршено препознавање од страна на оштетените. По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена пријава.