Дејан Георгиевски го освои сребрениот медал на олимпискиот турнир во таеквондо, откако загуби од Русинот Владислав Ларин со 9-15 во финалето во категоријата над 80 килограми.
Ова е прв медал за Македонија на Летните олимписките игри во Токио, односно прво олимписко одличје уште од Игрите во Сиднеј во 2000 година кога Могамед Ибрагимов освои бронза во борење.
Георгиевски на патот до финалето го победи светскиот првак Рафаел Алба Кастилјо со 11-8, а потоа и Сејду Гбане од Брегот на Слоновата Коска со 9-4 во четврт-финалето и Ин Кјо Дон од Јужна Кореја со 12-6 во полуфиналето.