Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко треба кривично да одговара за финансиски злоупотреби во Општината, оцени Државната комисија за спречување на корупција на денешната седница.
Покрај градоначалникот Мерко, антикорупционерите сметаат дека кривична одговорност треба да се побара и од претседателот на Кривичниот суд во Струга кој дозволил буџетот на Општината да биде 50 милиони денари иако е меѓу најзадолжените во државата.
Финансиските малверзации на градоначалникот Мерко биле потврдени во истрагата на Државната комисија за спречување корупција, а истите се нотирани и во истрага на државните ревизори.
Антикорупциската комисија извести дека во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција од 2018 година се оформени три предмети за работењето на градоначалникот Мерко. Меѓу нив се набавката на луксузниот „ауди а 6“ за 70.000 евра и предметот за бесправна продажба на објект.