Арамиите ја искористуваат ситуацијата со поплавите во Германија, напуштените куќи се мета на крадци, информираат медиумите во таа земја.
Според написите, напуштените продавници, златари и куќи се мета на ограбувачи.
Катастрофалните поплави што ја погодија Германија, покрај уништувањето предизвикано од пороите и поплавите, создадоа и инвазија на криминалци.
Во Столберг кај Ахен, криминалците веќе ја искористиле ситуацијата предизвикана од поплавите, соопшти полицијата. Имаше индивидуални случаи на грабежи на продавници, а еден осомничен беше уапсен и за грабеж на златара што бил фатен со плен во самата продавница.
Неколку странци побегнале кога полицајци се приближиле до супермаркетот.
Сега во Столберг има поголем број полицајци кои имаат наредба да го заштитат имотот на жителите кои мораа да го напуштат овој град, известуваат германските новинари.
Според полициски извори, се поголем е бројот на загинати во катастрофалните поплави, кои ги зафатија регионите на Рајнанд-Фалц и Северна Рајна-Вестфалија.
Во овие делови паднаа 148 литри дожд на метар квадратен во текот на ноќта. Околу 200.000 домаќинства во тој дел од земјата останаа без електрична енергија.
Министерот за внатрешни работи на Рајнска област, Роџер Левент изјави дека исчезнале меѓу 50 и 70 лица. Не е познато дали се починати, дали биле на годишен одмор или нашле засолниште на друго место.