Министерот за здравство на Велика Британија, Саџид Јавид, изјави дека возрасните и децата што биле целосно вакцинирани против коронавирусот нема да мора повеќе да бидат во изолација по контакт со некој што е позитивен на вирусот.
Секој што е вакциниран и бил во близок контакт со лице што е позитивно на коронавирусот нема да мора да оди во изолација од 16 август, пишува „Ројтерс“.
Според правилата за возрасни, секој на возраст под 18 години исто така нема да мора да се изолира по контакт со лице позитивно на вирусот, додаде Јавид.