Лондон побара итна акција како одговор за наводниот напад со хемиско оружје во сирискиот град Дума.

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон денеска побара „силна и голема меѓународна акција“ како одговор за наводниот напад со хемиско оружје во сирискиот град Дума што е под контрола на бунтовниците.

Во телефонски разговори со својот француски колега, Жан Ив ле Дријан, Џонсон нагласил дека „итно мора да се истражи што се случило во Дума и да се обезбеди силен и голем меѓународен одговор“, соопшти Форин офисот.