Денеска во Битола уште од раните утрински часови пред општинската администрација се создадоа колони на заинтересирани граѓани за користење субвенции за купување  велосипеди.

Со јавниот повика Општината Битола за субвенции има обезбедено 700.000 денари, а субевенциите ќе бидат во висина од 50 отсто од висината на цената на велосипедот,
но не повеќе од 5.000 денари за еден корисник.

Субвенциите се издвојуваат со цел да се стимулираат граѓаните да користат превозни средства кои не го загадуваат воздухот во Битола.

Јавниот повик ќе трае до 25 јуни. Но уште од сега може да се каже дека определениот
износ од 700.000 денари за исплата на субвенции ќе биде недоволен за да се задоволат интересите на сите заинтересирани лица за купување на велосипеди во Битола.

М.М.