Важноста на пасошите со истечен рок се продолжува до 31 декември 2021 година, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија кој стапи на сила на 11.6.2021, а ќе отпочне со примена од 1.7.2021, важноста на пасошот, дипломатскиот пасош и службениот пасош, чиј рок на важење е истечен, односно истекува по 31 јули 2021 година, се продолжува до 31 декември 2021 година – велат од МВР.
Од таму појаснуваат дека измената на Законот за патни исправи е направена со цел да им се излезе во пресрет на потребите на голем број наши граѓаните кои поради пандемијата, рестриктивните мерки, карантините и другите отежнати услови, во нашава земја, но и надвор од неа, во дијаспората, беа спречени навремено да ги продолжат своите документи.