Премиерот Зоран Заев ќе ја претставува Македонија на самитот на НАТО што се одржува денеска во Брисел. Станува збор за првиот ваков самит на кој Македонија учествува како полноправна членка на НАТО.
Се очекува лидерите на 30-те земји членки да разговараат за иднината на НАТО и за предизвиците со кои се соочува Алијансата. Меѓу важните теми на дискусија ќе бидат и сајбербезбедноста, климатските промени и зголемувањето на буџетските стапки на земјите-членки за одбраната, како и односите со Кина и со Русија.