Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ стигна до 19-от гранслем-трофеј во кариерата откако го совлада Стефанос Циципас со резултат 3-2 (6-7, 2-6, 6-3, 6-2, 6-4 по сетови), по извонреден пресврт во финалето на „Ролан Гарос“ одиграно попладнево во Париз. Мечот траеше четири часа и 12 минути.
Ѓоковиќ на тој начин дојде на чекор од рекордните 20 гранслем трофеи кои досега ги освоија неговите најголеми ривали Роже Федерер и Рафаел Надал.
За грчкиот тенисер Циципас ова беше прво гранслем-финале во кариерата.