Бугарскиот претседател, Румен Радев, одржа видео-конференција со претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли. Во разговорот, инициран од претседателот на Европскиот парламент, се дискутираше за мерките за справување со пандемијата на коронавирусот, како и за темите на агендата на ЕУ со фокус на политиката на проширување.

Шефот на бугарската држава истакна дека Бугарија принципиелно и доследно ги поддржува европските интеграции на Македонија.

Радев, исто така, истакна дека Бугарија очекува одржливи и неповратни резултати во процесот на градење добрососедски односи и во овој поглед најважен е директниот и отворен дијалог меѓу двете страни.