ЈКП „Водовод“-Битола по 92 години конечно ќе се стекне со сопствена управна зграда.
Во присуство на министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, градоначалничката Наташа Петровска и претставници на локалната самоуправа беше поставен камен-темелник на новата управна зграда, со корисна површина на 1.540 м2.
За изграбата на новата управна зграда ЈКП „Водовод“ ќе вложи вкупно 42.700.000 денари, сопствени средства.
-Оваа управна зграда била желба на многу директори многу години наназад, но сега се создадоа услови
„Водовод“ по изминати 92 години да добие свој сопствен дом – рече директорот, Горан Козаров.
Честитајќи им го успехот на вработените градоначалничката Наташа Петровска рече:
– Оваа локална самоуправа и власт земајќи во предвид и кои се политиките на централно ниво успеа да врати, односно да исплати кон јавните претпријатија што за изведба, што за заостанати долгови од претходната власт над 6 милиони евра, од кои само во ЈП „Водовод“ повеќе од 500.000 евра – рече Петровска.
Министерот за локална самоуправа Горан Милевски изјави:
– Ова е значајна инвестиција за ЈКП “ Водовод “ зашто после 92 години на некој директор му текна да направи сопствена управна зграда и да не е кираџија – рече Горан Милевски.
Според договорот управната зграда треба да биде изградена за 1 година.
М.М.