Заменик помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Балканот, Метју Палмер, рече дека Србија може да смета на Соединетите Американски Држави и нејзините партнери во ЕУ за поддршка на просперитетот и мирната иднина на регионот.
На крајот од неговата неколкудневна посета на Србија, тој оцени дека таа била одлична и продуктивна, објави американската амбасада во Србија.
– Одлична и продуктивна посета на Србија! Белград е местото каде што ја започнав мојата дипломатска кариера и каде сè уште имам толку многу стари и нови пријатели и роднини. Србија може да смета на Соединетите Американски Држави и нашите партнери во ЕУ за поддршка на просперитетот и мирната иднина на регионот – рече Палмер.
Изминатите денови како што потсетуваат медиумите во регионот, Палмер и Лајчак разговараа со српскиот претседател Александар Вучиќ и други високи претставници за решавање на косовското прашање и продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина, а ден подоцна со претставници на опозициските партии.