Ексклузивно во „Колибри“ песни од сѐ уште необјавената книга за деца на писателот Ефтим Клетников „Малечката принцеза“
Овој законик е цврст и јасен.
Од дамно време во природата,
кавгаџии, Огнот и Водата
ред е брат и сестра сега да се.
Крај е на нивната расправија.
Пред Малечката Принцеза сложно
тие кажаа дека е можно
тоа и без збор потпис ставија.
И тоа е закон свет, не мода,
љубов, мит и венчавка во која
тие заветно и цврсто стојат
во брачното име Огнена Вода.