Од денеска ОВР Прилеп во своето редовно полициско работење ја воведува и велосипедската патрола, составена од униформирани полициски службеници кои ќе извршуваат работни задачи во превентивното полициско работење, но и во делот на одржување на јавниот ред и мир, спречување на вршење кривични дела и прекршоци, како и санкционирање на сторителите.
Вакви патроли веќе функционираат во повеќе градови и евидентни се позитивните ефекти по нивното воведување, велат од МВР.
Ка.М.