Одлуката за цената на струјата ја носи Регулатирната комисија, која е независно тело. Како акционерско друштво ние ниту можеме да ги потврдиме, ни да ги демантираме шпекулациите во јавноста околу цената
Ова го изјави првиот човек на АД ЕСМ, Васко Ковачевски во изјава за медиумите во Битола.
Ковачевски додаде дека иако е законската обврска за годинава да испoрачаме 70 проценти кон универзалниот снабдувач ЕВН Хоум како компанија ги правиме пресметките и напорите да испорачиме повторно како и минатата година 100 проценти електрична енергија по цена која ќе ни ја регулира Владата. Се надевам и очекувам цената во нашиот дел како ЕСМ да нема промени иако учествуваме со нешто околу 40 проценти во вкупната цена на струјата.
– Сметам дека и годинава ќе ја стабилизираме цената да нема зголемување или ако тоа евентуално се случи, за што одлучува Регулатирна, да биде нешто минимално во факторот на корекции – изјави Ковачевски.
Тој потсети дека уште од 2017 година кога ја презедоа компанијата како нова извршна власт ја вратија евтината тарифа и либетализацијата на пазарот кога учествуваа со најминимална цена кон универзалниот снабдувач ЕВН Хоум, со што, како што истакна Ковачевски, ЕСМ застана како заштитник на ниската цена на струјата, а сето тоа на товар на компанијата и државата. Тој уште посочи дека цената е берзански производ и можат да влијаат само до одреден простор со тоа што ќе испорачаат што повеќе струја по пониска цена од другите компании.
– Нашата цена минатата година кон ЕВН Хоум беше 33,8 евра од мегават час, но ако ние не учествувавме со 100 проценти, тогаш можеа да набават енергија по 64, 82 или по 115 евра од мегават час. Во овој момент ние во јуни настапуваме на набавката на ЕВН Хоум со 22 евра пониска цена од берзанската на Хупес за јуни, јули и август. Се ќе направиме во наши рамки и во рамки на можностите на Владата да се супституираат овие минусни салда, но на крај на денот најважно ни е да нема ценовни шокови кон граѓаните, но кон индустријата, произвидството – рече Ковачевски.
M.M.