Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 186 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Според Министерството за здравство во болницата во Битола се хоспитализирани 17 пациенти, позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 4 пациенти, во Велес се лекуваат 16 болни, а во Куманово 34 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19.

Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 25 пациенти, во Прилеп 12, во ковид-центарот во Гостивар 5, а во Струга 21 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 16 пациенти, во Кочани 4 во Кичево 7, Кавадарци 5, а во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 317 и има околу 565 празни болнички кревети во ковид-центрите, известува надлежното министерство.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, додаваат од таму.


Само пет нови пациенти во последните 24 часа во ковид-центрите во Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 5 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 131 лице сомнително и потврдено за ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град, голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, информира министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми.

Во ковид-центарот во ГОБ 8 Септември имало еден примен пациент и 4 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома е пуштен еден оздравен пациент.

Во ковид-ѝцентрарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 18 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 49 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 64 пациенти.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 80 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, велат од МЗ.