Властите од регионот на Коринт во јужна Грција ги евакуираа жителите на шест села, бидејќи пожарникарите се борат со шумски пожари, соопштија властите во четвртокот.
Нема извештаи за смртни случаи во пожарот што избувна во средата вечерта во малото одморалиште на полуостровот Пелопонез, околу 90 километри од главниот град Атина.
Властите наредија да се евакуираат шест села и два манастира на планините Геранеја како мерка на претпазливост, рече припадник на противпожарната бригада.
– Околу 300 лица се евакуирани – изјави портпаролот на полицијата Теодорос Хронопулос за Ројтерс.
Повеќе од 180 пожарникари го гаснеа пожарот со 62 противпожарни возила, 17 канадера и три хеликоптери.