Владата вечерва, со почеток во 19 часот, ќе ја одржи 70-та, тематска седница, целосно посветена на Информацијата за проектите кои се финансираат преку ИПА 2-програмите во Република Македонија, известуваат владините служби.
На седницата, пред министрите, за разгледување, ќе се најде и Информацијата за статусот на проектите кои се финансираат од меѓународни финансиски институции и билатерални кредитори, во насока на искористеноста на заемите и инвестициските грантови за истите, заклучно со 30.4.2021 година.
За заклучоците и одлуките од денешната тематска Владина седница, која ќе се одржи преку видеоконференциска интернет-врска, јавноста ќе биде информирана преку соопштение.