Стефан Јанев ќе биде вршител на должноста премиер во привремената влада на Бугарија назначена со декрет од бугарскиот претседател Румен Радев, која од утре ќе почне со работа.
Станува збор за шестиот кабинет по падот на комунизмот во Бугарија во 1989 година.
Радев со друг указ го распушти 45-то Национално собрание и закажа предвремени парламентарни избори во Бугарија на 11 јули.
Нов бугарски министер за надворешни работи ќе биде досегашниот амбасадор во Данска, Светлан Стоев, додека поранешниот бугарски преставник во Обединетите нации Георги Панајотов треба да биде новиот министер за одбрана.