Градоначалникот на општина Новаци, Љубе Кузманоски, заедно со дел од вработените од општинската администрација, денеска беа во посета на ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски” – Битола каде што извршија предавање на донацијата од општина Новаци за регионалниот ковид-центар во Битола.
Денешната донација опфаќа 50 ќебиња, 50 чаршафи, 50 перници и 50 навлаки за перници.
Одлуката за донација на општина Новаци за Клиничката болница е донесена на 69. седница на Советот на која советниците донесоа одлука дел од средствата предвидени за прослава на денот на општината да ги пренамени за донација во регионалниот ковид-центар во Битола.
М.М.