Мал­ку не­до­сти­га­ше па да се слу­чи сен­за­ци­ја на 27-то Екип­но пр­венс­тво на Ма­ке­до­ни­ја во шах, што се игра во Стру­га. Име­но, во 5-то ко­ло, акту­ел­ни­от пр­вак на Ма­ке­до­ни­ја и европ­ски ви­це­пр­вак Ал­ка­ло­ид и ви­це­пр­ва­кот на Ма­ке­до­ни­ја, Гам­бит Асе­ко СЕЕ одиграа дра­ма­ти­чен меч без по­бед­ник (3-3), кој пра­ктич­но ре­ша­ва­ше за чел­на­та позици­ја. На две ко­ла до кра­јот Ал­ка­ло­ид има бод пред­ност пред Гам­бит Асе­ко СЕЕ и со ог­лед на ква­ли­те­тот на не­го­ви­те игра­чи, на до­бар пат е да впи­ше уште ед­на шампион­ска титу­ла.

Во овој меч, цел по­ен за Ал­ка­ло­ид осво­и­ја ру­ски­от ВМ Дми­триј Ја­ко­вен­ко (2.748 рејтинг-по­е­ни), про­тив ИМ Ни­ко­ла Ни­ко­лов­ски (2.394), Укра­и­не­цот Па­вел Еља­нов (2.706) про­тив ИМ од Сло­ве­ни­ја Бог­дан Под­лес­ник (2.361), до­де­ка за Гам­бит Асе­ко СЕЕ сла­веа ИМ Ор­це Дан­чев­ски (2.351) над Укра­ин­ски­от ВМ Ју­риј Кри­во­руч­ко (2.711) и ФМ Љу­би­ша Ан­до­нов­ски (2.263) над ИМ Де­јан Сто­ја­нов­ски (2.431), ко­му ова му беше прв по­раз. Со ре­ми за­вр­ши­ја пар­ти­и­те по­ме­ѓу ВМ Трај­ко Не­дев (2.502) и ИМ Мар­јан Ми­тков (2.333) и ИМ Фи­лип Пан­чев­ски (2.498) про­тив ФМ Зо­ран Стој­чев­ски (2.337).

Во дру­ги­те ду­е­ли од ова ко­ло, Го­сти­вар со ма­кси­мал­ни 6-0 го сов­ла­да 4 Но­ем­ври, БМ Ки­се­ла Во­да бе­ше убед­ли­ва про­тив Кар­пош со 5,5-0,5, а При­леп сла­ве­ше про­тив млади­те ша­хи­сти на Цен­тар со 4,5-1,5. Во овој меч по­ло­ви­на по­ен осво­и­ја на­деж­ни­те ша­хи­сти на Цен­тар, Емил Ри­сте­ски про­тив срп­ски­от ВМ Ми­рос­лав Миљ­ко­виќ, Ри­сте Јов­чев про­тив ИМ То­ни Ки­ро­ски и Ива­на Ма­но­ва про­тив Ки­ре Ни­ко­лов­ски, ко­му ова, пак, му бе­ше пр­во ре­ми по че­ти­ри­те по­бе­ди во ни­за.

Данчевски: Победата им ја посветувам на моите ученици

Со Кри­во­руч­ко (мо­мент­но 34-от играч во све­тот н.з.) играв­ме ка­та­лон­ско отво­ра­ње и уште на по­че­то­кот жр­тву­вав пи­он за ини­ци­ја­ти­ва. Оваа пар­ти­ја е ед­на од мо­и­те најква­ли­тет­ни што сум ги оди­грал во ка­ри­е­ра­та, а по­бе­да­та им ја по­све­ту­вам на си­те мои уче­ни­ци, за да им до­ка­жам де­ка реј­тин­гот не игра нај­го­ле­ма уло­га во ша­хот, ту­ку жел­ба­та за по­бе­да – со за­до­волс­тво про­ко­мен­ти­ра Дан­чев­ски, кој мо­мент­но е 3.383-от играч во све­тот.

Та­бе­ла

Ал­ка­ло­ид 5 4 1 0 9 22,5

Гам­бит 5 3 2 0 8 20

При­леп 5 3 2 0 8 19

БМ К. Во­да 5 2 2 1 6 18

Го­сти­вар 5 2 1 2 5 18

Кар­пош 5 1 0 4 2 9

Цен­тар 5 1 0 4 2 8,5

4 Но­ем­ври 5 0 0 5 0 5