Осврнувајќи се на длабоката криза во македонското општество, која според академик Коцарев по својата жестина и големина достигнува немерливи размери, тој овој пат се задржува само на еден нејзин сегмент – кризата во образованието. Низ својот краток пресек „За историјата на образованието“, преку констатациите „За образованието денес“ и низ недвосмисленоста на ставот дека „опстојбата на македонската општественост се должи исклучиво на образованието, на континуираното духовно и културно просветување“, академик Коцарев ја скенира кризата во образованието како стожер на општеството, откривајќи ги вистинските промени што треба да се направат.