Екипите на ЈП „Комуналец“ утрово извршија вонредна дезинфекција пред сите градинки, основни и средни училишта и високо образовни институции, како и на автобуските постојки во Битола.
Од кризниот штаб велат дека акцијата за дезинфицирање во Битола ќе продолжи и во наредните денови, на различни локации, особено на клупите и други места кои се често користени од населението.
Инаку, на почетокот на пандемијата, дезинфекцијата на училиштата, државните и јавните институции како и станбените и индивидуалните објекти беше редовна пракса
во градот под Пелистер, а на влезовите од Прилеп и Охрид беа поставени посебни т.н. „јами “ за дезинфекција на возилата. М.М.