Првите пријавени граѓани чекаа во редици за да влезат во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, со почетокот на масовната вакцинација во Македонија.
Вакцинирањето според најавите ќе се одвива со руската вакцина „спутник В“ донирана од Србија и тоа на 48 пункта во салата во Карпош. Соопштено е дека се закажани термини за 3.000 граѓани.
Според планот во оваа фаза ќе бидат имунизирани лица кои работат во МВР, АРМ, новинари, служби од Град Скопје, возачи на автобуси, пожарникари, вработени во Обвинителството и во судовите, паратините, воспитувачки во градинки.
За спроведување на најавеното ќе има тим од 20-ина медицински сестри и пет доктори во две смени, места за 15-20 минути опсервација по завршување на вакцинирањето и обележани делови за Итна медицинска помош доколку тоа биде потребно.