Со аспирин против првут и мрсна коса
Наместо да трошите пари на скапи шампони и препарати, испробајте некои од природните решенија. Ако имате мрсна коса и првут, почнете да користите аспирин. Тој може да го отстрани вишокот масло од косата, правејќи ја мека, сјајна и бујна. Многу жени имаат позитивно искуство во 100 отсто отстранување на првутот кога го користат аспиринот. Дава брзи резултати, бидејќи не продира длабоко во косата, туку дејствува површински. Познато е дека Џенифер Анистон, на која многу девојки и жени ѝ завидуваат на долгата и убава коса, го користи овој начин на беспрекорно одржување на својата фризура.
За да го користите аспиринот за нега на косата, истолчете 2-3 аспирини и додајте ги во маската за коса. Потоа нанесете ја на косата и оставете да дејствува 15 минути.
Исто така може да додадете мелени таблети аспирин во шампон, да го нанесете шампонот на косата и да почекате 2-3 минути за да дејствува. Потоа исплакнете ја косата и продолжете со вообичаената рутина за нега. Повторувајте ја оваа постапка само еднаш неделно.
Аспиринот не се препорачува за оние што имаат тенка, кршлива и сува коса.