Лазаров е најдобар стрелец на сите времиња во ЛШ, со ефект од над 1.300 гола, а сега со Штербик е на делба на првото место според бројот на мечеви во најсилното клупско натпреварување, 249

РАКОМЕТ – ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ

Капитенот и селектор на македонската репрезентација и актуелен ракометар на француски Нант, Кирил Лазаров, по осминафиналниот натпревар од Лигата на шампионите (ЛШ), со полски Киелце, додаде уште еден рекорд на својата богата листа на рекорди. Лазаров се израмни со голманот Арпад Штербик според бројот на настапи во елитното ракометно клупско натпреварување, Лигата на шампионите.
Дуелот со Киелце беше 249-ти за најдобриот македонски ракометар во ЛШ (во дресовите на Борец, Пелистер, Загреб, Веспрем, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Барселона и на Нант), натпреварување во кое Лазаров е и најдобар стрелец на сите времиња, со ефект од над 1.300 гола.
Меѓу десетте ракометари на вечната листа според бројот на настапи во Лигата на шампионите се и Тиери Омејер (240 натпревари), Никола Карабатиќ (237), Јонас Калман (225), Тимур Дибиров (217), Виран Морос (215), Виктор Томас (214), Мирсад Терзиќ (210), Мирко Алиловиќ (207), Жоан Канељас (207) итн.


НАЈМНОГУ НАСТАПИ ВО ЛШ

Кирил Лазаров 249
Арпад Штербик 249
Тиери Омејер 240