Путин најблиски односи оджувал со поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони и поранешниот германски канцелар, Герхард Шредер, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– Владимир Путин имаше пријателски средби со нив во различни формати. Што се однесува до сегашните политичари, не мислам дека Путин има толку блиски формати на комуникација со кој било од нив – рекол Песков, а неговата изјава ја пренесe руската агенција „Тасс“.
Портпаролoт на Кремљ забележува и дека има лидери со кои Путин поминал многу, многу часови заедно, вклучувајќи ги кинескиот лидер Си Џинпинг, индискиот премиер Нарендра Моди и белорускиот претседател, Александар Лукашенко.