Македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски со Динамо Загреб ќе играат против шпански Вилареал во четврт-финалето на фудбалската Лига Европа, како резултат на ждрепката која денеска беше влечена во Нион, Швајцарија.
Доколку Динамо Загреб го елиминира ривалот од Шпанија, во полуфиналето ќе се соочи со подобриот од дуелот Арсенал – Славија Прага. Во второто полуфинале ќе вкрстат победниците од пресметките Гранада – Манчестер јунајтед и Ајакс – Рома.
Четврт-финалните мечеви се закажани за 8 и за 15 април
Четвртфинални двојки
Гранада – Манчестер јунајтед
Арсенал – Славија Прага
Ајакс – Рома
Динамо Загреб – Вилјареал