Раководството на основното училиште „Бајрам Шабани“ од Куманово во пресрет на
новата учебна година, и покрај летниот распуст кој е во полн ек, засилено работи на
санација и поправка на неопходните работи во училиштето.
Имено, во случајот воглавно станува збор за санирање на долгогодишните штети од поројните дождови зад училишната зграда каде, што поради недостиг на одводен канал во подрумските простории на училиштето во кои што воглавно се наоѓаат кабинетите по физика, математика и географија доаѓаше до чести поплави кои што на училиштето му причинуваа големи материјални штети. Поради тоа сега постоечкиот проблем е саниран и трајно решен со поставување на одводна цевка во должина од педесетина метри и со пречник од Фи-160 мм а освен тоа комплетно се санирани и оштетените ѕидови во ходникот од подрумскиот дел каде што новото раководство на училиштето исто така подготвува и нова сала за состаноци на наставничкиот кадар како и за родителските средби. Освен тоа, училиштето го реши и долгогодишниот проблем на наставниците и учениците со поврзаноста на зградите на старото со новото училиште, лоцирани една до друга, при што во постоечката висока ограда е пробиен премин за поврзување, и отсега па натаму наставниците и учениците наместо првин да излегуваат на улица па да одат од едната во другата зграда, сега во иднина меѓусебно ќе комунициаат директно и што е најважно побезбедно ке комуницираат.
Моментните санации во училиштето уште повеќе добиваат на значај бидејќи за истите не се ангажирани фирми и работници од страна, туку тие се плод на ангажманот на сопствени луѓе од техничкиот и помошниот кадар на училиштето при што свој удел дадоа и две приватни фирми од градот кои градежниот материјал за санацијата на училиштото им го понудија на неколку месечни рати.
Што се однесува, пак, до наредните капитални планови на училиштето, тоа од почетокот на наредната календарска година со проект на општината Куманово треба
целосно да се гасифицира, со што долгогодишното греење на дрва конечно ке замине во историјата, а освен тоа, на покривот на училиштето од наредната година ќе се постават соларни панели, со што училиштето автоматски ќе почне и со заштеда на значајни финансиски средства, со што пак на крајот со овие два проекти училиштето ќе даде голем придонес во сочувањето на животната средина и чистиот воздух што секако ќе биде и најголем бенефит за сите луѓе во градот.
Во наредната година со буџетот за 2019 година е предвидено и комплетно реновирање на училишната спортска сала која е изградена уште во далечната 1976 година, а која што во моментот се наоѓа во многу лоша состојба (речиси е во фаза на распаѓање), а за која што спортска сала училиштето има изработено комплетна проектна документација која што уредно е доставена до министерството за образование.
И на крајот мора да напоменеме дека сите овие позитивни работи во училиштето се случуваат благодарение на домаќинското работење на новото раководство на училиштето предводено од новиот директор Мустафа Ебиби, кој кога оваа година стапи на должноста – директор на училиштето. Тој истото го презеде во многу лоша финансиска сосотојба односно со минус од 9,53 милиони денари (долгови кон јавните претпријатија и кон приватни компании) поради што во наредниот период новото раководство на училиштето го очекува голем предизвик и голема обврска, но секако и многу тешка, напорна и одговорна работа. Т.Д.