Шеснаесет членови на Европскиот парламент побараа од министерот за надворешни работи на ЕУ, Џозеп Борел, да го смени амбасадорот на ЕУ во Куба, Алберт Наваро, бидејќи тој наводно се приклонил на тамошниот режим, кој ниту ги почитува ниту ги брани човековите права.
– Сакаме да ја искажеме нашата збунетост и неодобрување за невообичаеното и редовно однесување на амбасадорот на Европската Унија во Куба, г. Алберт Наваро – се наведува во писмото потпишано од пратениците од Европската народна партија (ЕПП), „Изгради ја Европа“ и групите на Европските конзервативци и реформатори, пренесува бриселски „Политико“.
Пратениците изјавија дека Наваро, меѓу другото, потпишал и писмо упатено до претседателот на САД, Џо Бајден, во кое бара укинување на американските санкции за Куба и немешање во нејзините работи.
Пратениците заклучија дека Наваро зазема политички ставови слични на оние на режимот во Куба и дека си дозволува слободи кои се потипични за политички лидер отколку за дипломатски претставник.
„Политико“ наведува и дека портпаролот на Борел не бил достапен за коментар.