На 11-тото издание на изборот за „Светски автомобил на годината за жени“, ова уникатно жири, составено исклучиво од жени новинарки од автомобилскиот сектор, ја донесе одлуката за секоја од 9-те постојни категории.
„Пежо 208“ ја освои титулата во категоријата најдобар градски автомобил. „Пежо 2008“ ја освои титулата во категоријата најдобар урбан СУВ.
Создадено во 2009 година, жирито за „Светски автомобил на годината за жени“ го сочинуваат 50 жени, новинарки од автомобилскиот сектор кои доаѓаат од 38 различни земји и 5 континенти. Прво, овие новинарки избраа 3 најдобри автомобили во секоја категорија.
На крајот од вториот круг, „пежо 208“ излезе како победник во категоријата најдобри градски автомобили против „тојота јарис“ и „хонда џез“.
Со признанието „Автомобил на годината за 2020 година“ и веќе освоените 24 награди, „пежо 208“ го освои Б сегментот и придонесува за успехот на гамата на „пежо“. Неговиот спортски изглед и прецизен дизајн му даваат врвен карактер кој совршено се вклопува со издигањето на пазарот на брендот „пежо“.
На крајот на јануари 2021 година, од неговото лансирање досега беа продадени 265.000 автомобили „пежо 208“ ширум светот.
Потоа на крајот од вториот круг, „пежо 2008“ е избран за победник во категоријата најдобар урбан СУВ против „рено каптур и „киа сонет“.
Како симбол на статус и идентитет, „пежо 2008“ е целосно во согласност со стилот на гамата на „пежо“ истовремено истакнувајќи се со својот впечатлив дизајн. Автомобил со добро држење и истовремено прикажува моќен и карактеристичен стил.
До крајот на јануари 2021 година, од неговото лансирање досега беа продадени 203.000 примероци на „пежо 2008“ ширум светот.
„Пежо“ 208 и 2008, исто така, ја играат својата улога во ерата на енергетска транзиција бидејќи доаѓаат во бензинска (бензин и дизел) и електрична верзија.
Овие две возила беа избрани според следниве критериуми: безбедност, удобност, технологии и поврзаност, сооднос квалитет / цена, влијание врз животната средина и дизајн.
Затоа, „пежо“ 208 и 2008 се во трка за конечен избор за „Светски автомобил на годината за жени“, чии резултати ќе бидат објавени на 8 март 2021 година, на Меѓународниот ден на жената.