Полициски службеници, по претходна пријава, денеска пронашле 10 вреќи со 98 пакувања марихуана, во вкупна количина од околу 100 килограми, во приватен објект на патот кон село Паликура, општина Росоман.
По насока на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци извршен е увид и се преземаат интензивни мерки и активности за обезбедување на докази за инволвираност на лица кои го сториле кривичното дело предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.